Хрватски новинар се преправил во шеик – функционерка на ХТВ му барала огромна донација – Фото


Hasan Hajdar Diab, новинар на Вечерњи лист се облекол и преправил во шеик – се преставил дека е од обединетите арапски емирати и рекол дека се вика Ibrahim Al-Jasem.

Добил покана да биде угледен гостин на отварањето на 63 тите Дубровачки летни игри. Добил почесно место а стоел до самиот државен врв на Хрватска. На само еден метар од претседателот Иво Јосиповиќ.

Мислејќи дека е богат шеик приликата сакала да ја зграби една од функционерките на хрватската радио телевизија, му пришла и му побарала донација од неколку стотини илјади евра. Се работи за екс новинарката Silvija Luks Kalođera која сега е претседател на надзорниот одбор на ХТВ.

Наслушнала дека е тој директор на голема нафтна компанија и на рудник на злато
Прво му барала да ги плати картите и сместувањето на сараевската филхармонија во Абу Даби но побарала и огромен хонорар за диригентот – а парите требало да се префрлат половина кај неа половина кај диригентот. Бидејќи како штo му објаснила на шеикот таа му е менаџерка на диригентот.

Новинарот ја објавил целата сторија – веднаш реагирала и Silvija Luks, која тврди дека видела дека е лажен за 30 секунди, а цел муабет го правела за да открие всушност кој стои зад измислениот шеик. Најави и тужба дека и се валкал угледот.

На прашањето – ако знаела зошто не го пријавила лажниот шеик, одговорила дека тоа не било нејзина работа, обезбедувањето требало да си мисли.
Новинарот го нарекла – срам за хрватското новинарство

Но новинарот има докази – од средбата па до денес, желна за парите го барала неколкупати на телефон, а му праќала и смс пораки кои новинарот ги чува.

Новинарот вели – таа дојде до мене, не јас до неа – јас сакав да ја видам реакцијата на политичарите – таа самата си се намести.

И сега кој е срам за новинарството ??? прашува Hasan Hajdar Diab

Ова се смс пораките кои функционерката на ХТВ му ги испратила на новинарот шеик

12/07/12 12:17    Očekujem vaš poziv kako bih mogla planirati svoje vrijeme. Silvija Luks Kalogjera

12/07/12 12:48  Htjela sam sheikhs dati CD s glazbom Srebrenica inferno i cv maestra Djela Jusića te dogovoriti koorddinate eventualnog dogovora. Ako sheikh Ibrahim ne nadje vremena danas ili sutra, molim vas posaljite mi njegov mail ili mail direktora njegove firme koja bi vodila taj posao ako do njega dodje. Ovako je tesko ostvariv bilo kakav ozbiljan dogovor. Pozz SLK

фото – vecernji list

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1