Хрватски војници силувале Србинка и ја гореле со струја


Во судот во Загреб во тек е судење за воени злосторства кон крајот на 1991/92. година. На обвинителната клупа е Стефан Клариќ и четири други војници.

Како сведот се појави србинката Р.М. која била воен заробеник. Според нејзиниот исказ војниците од кампот „Керестинец“ ја тепале и силувале повеќе пати

„ да ме тепаат и силуваат наредуваше едно лице кого сите го викаа Доктор, беше  низок со очила. Ми ставаа торба на главата и ме приклучуваа на електрична енергија, а тоа го направија околу 15 до 20 пати, а ме силуваа и тепаа веќе и незнам колку“, изјавила пред судот Србинката.

Таа и нејзинот сопруг биле заробени во 1992 година во Сисак, сопругот го ослободиле, а неа ја задржале. Прво ја одвеле во таканареченета ,, Барутана,, каде ја држеле 8 дена, по што е пренесена во кампот во Керестинец. Уапсени биле затоа што биле една недела во родното место на жената во Босна. Уапсени биле само што се вратиле во Хрватска.

Според обвинението Клариќ раководел со кампот каде се носеле воени заробеници во 1991 и 1992 година. Меѓу обвинетите се и чувари во кампот.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1