Скандал во Ниш: Наставничка по биологија 15 години издрогирана држела часови


Наставничката по биологија, Александра Миливојевиќ (40) во основното училиште „Крал Петар Први“, признала пред Високиот суд во Ниш, дека веќе петнаесет години била под дејство на наркотични супстанци.

Миливојвиќ е уапсена на 27 октомври минатата година во близина на школото во кое што предавала, а била фатена во моментот кога го купувала хероинот.
Пред судот се бранела со наводно незнаење, дека поседувањето на дрога за сопствена употреба е кривично дело.
„Признавам дека на 27 октомври 2011 година купив 0,15 грама хероин од Тамара Николиќ. Хероинот го користам од 1996 година, а го внесував со шмркање. Сметав дека не сум зависна и затоа никогаш не отидов да се лечам, ниту пак отидов на рехабилиација. После сето ова што се случи, се јавив во Заводот за ментално здравје, а тие утврдија дека не постои зависност туку злоупотреба на психоактивни супстанци. Повеќе не се дрогирам“, се произнела Миливојевиќ пред судот.
Тамара Николиќ на која и се суди поради продавање на дрогата, признала дека и го набавила хероинот на наставничката.
„Таа тој ден ме побара по телефон и ме праша дали сум го земала хероинот од човекот од кој што го набавував и дали може да добие една доза, затоа што тоа не беше прв пат, таа од мене да набави хероин. Се договоривме да се најдеме и јас и го предадов пакетчето хероин, а таа мене ми даде 10 евра и 500 динари, колку што во тој момент имала во себе. Таа количина чини 20 евра, па се договоривме остатокот од парите да ми ги доплати понатаму кога ќе ги има“, изјавила Тамара на главниот претрес. Вистината за наркоманската зависност на наставничката по биологија е откриена сосема случајно. Полицијата ја следела Тамара поради сомнение дека продава дрога и ја начекале додека својата роба и ја продавала на Александра. Таа веднаш била уапсена, додека наставничката била однесена во притвор по завршувањето на часот.
Директорот на школото, Роберт Џуниќ, изјавил дека штом дознал за наркоманската биографија на Александра, таа веднаш заработила отказ.
„Таа долг период беше на боледување, а кога се врати на работа, на основа на спроведена дисциплинска постапка и беше изречен отказ“, изјавил Џуниќ кој додаде дека никој во школото не знаел дека Александра се дрогира и покрај тоа што веќе 15 години предавала.
Доколку биде осудена, Миливојевиќ ја чека казна затвор до три години.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1