И Мијалков на суд – амбасадорот Илиевски најави контратужба од 2,7 милиони евра


Игор Илиевски, поранешниот амбасадор на Чешка, денеска испрати допис до неколку медиуми, каде најавува контратужба за директорот на УБК, Сашо Мијалков и отштета од 2.700 000 евра. Во дописот, Илиевски, ги наведува ставките по кои ќе го тужи Мијалков, потенцирајќи дека во целост стои зад двата текста објавени во дневниот весник „Фокус“.

igor-ilievskiПриватната тужба на Илиевски ќе се состои во „загрозување на животот, загрозување на развој на дете, оневозможување на извршувањето обврски – амбасадор официјално лице на Република Македонија“ – напишал поранешниот амбасадор, објави Плус инфо.

Сумата за отштета од два милиони и седумстотини илјади евра, ексамбасадорот вели во дописот, дека ќе ги искористи за отворање невладина организација, која ќе ги промовира демократијата и човековите права.

g_saso-mijalkov

Денеска правниот застапник на директорот на УБК, Антонио Апостолски, ги извести медиумите дека Мијалков поднел тужба за клевета портив „Фокус“ и поранешниот амбасадор на Чешка, Илиевски. Тужбата е поднесена поради изнесени навреди и клевети во два наврати во дневниот весник, стои во дописот од адвокатот на Мијалков.

Првиот текст е под името „Избегав поради притисокот од Сашо Мијалков“ и се однесува на сведочењето на поранешниот амбасадор на Македонија во Чешка, Игор Илиевски, каде тој изјавува дека се откажал од својата функција поради притисоците на директорот на УБК, а вториот текст го носи насловот „Амбасадата во Чешка под закана за бомби, МНР не мрда со прст“. Директорот на УБК, од „Фокус“ ќе бара отштета од 27.000 евра.

Плус инфо

Мијалков го тужи Фокус за клевета – бара 27.000 евра
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1