И прејадени и препиени – Токсикологија преполна за празниците


Полни раце работа на клиниката за токсикологија. 70тина прејадени и алкохолизирани е тридневниот празничен клинички билтен. Со стомачни проблеми, надуеност и повраќање вчера на клиниката завршиле околу 20 пациенти.

toksikologijaПовеќето од нив не ги почитувале советите и веднаш се фрлиле на јадење по долгиот Божиќен пост.  Кај едно лице е забележано акутно воспаление на панкреасот од храна , за што лекарите најмногу стравуваат. Бадникарските огнови маалските прослави со греено вино и ракија резултирале и со голем број испијанети граѓани.

Голем број прегледи биле направени и на лица кои се пожалиле на покачена темптература,  мачнини и симптоми на сезонски вируси. Едно лице добило лекарска нега поради системски хипертензии. Лекарите апелираат граѓаните особено хронично болните да внимаваат колку и каква храна конзумираат и да не претеруваат со алкохолот. Доколку почувствувааат несекојдневни проблеми веднаш да се јават на лекар, бидејќи лекарствата и самопомагањето може дополнително да ја влоши состојбата.

Како и свештениците и лекарите препорачуваат верниците достоинствено да ги прославуваат Божиќните празници.Клиниката за токсикологија деновиве работи со засилена дежурна лекарска екипа.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1