Има нов сведок за убиството на децата кај Смиљковското езеро


Нов заштитен сведок под псевдоним Е1 ќе сведочи за грозоморното убиството на 4 те деца и рибарот, дознава Канал 5. според информациите за 2 недели тој ќе го даде својот исказ во судот.

Ќе биде во посебна просторија, со заматен лик и мутиран глас.
Ова е втор сведок со заштитен идентитет. Претходниот Хаки Хазири самиот побарал да му биде одземен статусот по што од сведок стана 6-то осомничен за помагање тероризам.

Истражниот судија Владимир Туфегџиќ ниту потврдил ниту демантирал дека се појавил заштитен сведок. Дециден бил дека истрагата е во завршна фаза, но чувствителна фаза и затоа нема да откриваат детали. Готово било и вештачењето од судска медицина кое се чекаше. До крајот на октомври треба да заврши истрагата и да се покрене обвинение во спротивно осомничените ќе треба да бидат пуштени на слобода.

Во затворите во Битола и Прилеп петти месец притворени се 4- ца од осомничените за велигденскиот масакар на Смиљковското Езеро. Двајца се се уште во бегство.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1