Месечината ќе ја снема од небото оваа недела!


Каде ли ќе биде месечината оваа недела? Многумина останале збунети кога не успеале веќе неколку дена да го најдат најблискит сосед на Земјата на ноќното небо.

Местоположбата на месечината е нешто што може да се предвиди со100 процентна сигурност, но еве сега многумина велат дека месечината не можат да ја здогледаат веќе неколку дена.

Оние кои не ги разбираат во целост месечевите циклуси, овие денови ги преплавиле социјалните мрежи со слики и видеа дека месечината ја нема на ноќното небо.

Најголемата загатка е тоа, каде ли оди месечината откако ќе ја заврши фазата на полна месечина?

Откако светеше со полна светлина на небото речиси две недели, се чини дека сега таа исчезна некаде.

Она што всушност се слчило е дека месечинината си го продолжила своето патување околу орбитата на Земјата, но овојпат го заземала утринското небо.

Месечевото движење околу нашата планета предизвикуваа таа да изгрева околу 50 минути покасно секоја вечер. Во ноќите кога има полна месечина, таа изгрева на исток, исто како и сонцето. Веќе наредната ноќ, таа изгрева речиси еден час подоцна, и токму поради тоа, веќе по неколку ноќи, таа изгрева доцна навечер откако многумина заспиваат.

Откако ќе се појави младата месечина, што овој месец ќе се случи на 15 Септември, месечината добива форма на многу тенок срп, а тоа може да се забележи на источната страна на небото токму пред изгрејсонце. Токму поради ова, месечината станува целосно невидлива неколку дена.

Ова се случува од две причини. Прво, месечината со својата „темна страна“ е свртена спрема нас, додека подалечната страна од неа е осветлена од страна на сонцето, а онаа страна која е соочена со Земјата, се осветлува само од рефлексијата на сончевата светлина од Земјата. Второ, бледата месечина е толку близу до сонцето, што таа ја снемува од преубавата ноќна глетка.

Младата месечина можеме да ја забележиме само еднаш и тоа кога таа поминува директно помеѓу нас и сонцето, предизвикувајќи затемнување на сонцето.

Бидејќи орбитата на месечината е накосена само за пет степени од онаа на Земјата, само два пати годишно, еднаш во период околу Мај и Јуни и еднаш околу Ноември и Декември, месечината и сонцето се подредуваат во една линија речиси перфектно. Во остатокот од времето, како што се случува и во овој месец, месечината поминува или над или под сонцето. Не настанува никаква еклипса и ние не можеме да ја здогледаме младата месечина.

Она што е збунувачко за нас околу набљудувањето на месечината е неразбирањето на поврзаноста помеѓу сонцето и месечината. Многумина мислат дека месечината е таа која го осветлува ноќното небо, а сонцето е она кое владее со дневното. Всушност поради месечевата орбита околу Земјата, месечината поминува само половина време на ноќното небо. Во остатокот од времето, таа го дели дневното небо, заедно со сонцето.

Во првата половина од лунарниот месец, како месечината „расте“ од малда до полна месечина, таа попладневните часови ги минува на дневното небо. Во втората половина на лунарниот месец, како што се „намалува“ од полна месечина во млада месечина, таа на дневното небо ги поминува своите утра.

Само еден ден во месецот таа валдее со ноќта, а тоа е онаа ноќ кога ние гледаме полна месечина. Таа ноќ месечината изгрева на исток во исто време кога сонцето заоѓа на запад, и заоѓа на запад истовремено кога утрото сонцето изгрева на исток.

Следната полна месечина која ќе се случи на 29 Септемнври е една од посебните полни месечини. Оваа е позната како „жетвена месечина“ , поради аголот на месечевата орбита таа ќе свети со целата нејзина моќ речиси цела недела на ноќното небо. Името го добила традиционално, од таму што таа со својата светлна им го осветлувала патот на жетварите помагајќи им во нивната работа.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1