„Сомнителни ми се сушите на југот на земјата“, изјавува Хасан Мусави, директор на Организацијата за културно наследство и туризам на Иран.
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад минатата година изјави дека „Запад користи специјална опрема за да ги спречат облаците со дожд да стигнат до земјите во регионот, вклучувајќи го и Иран“.
Сушата што го сафато Иран е најголема од 1964 година. Од неа погодени се 37 милиони луѓе, намален е приносот на земјоделските култури, а силните песочни бури доведуваат до дезертификација на почвата.
Пентагон веќе ги призна можните манипулации со временските услови. USAF уште во 2005 година соопшти дека „генерира дождови, магла и бури на Земјата и дека создавањето вештачки временски прилики ќе биде резултат на технологијата“.
Бен Ливингстон, поранешен физичар во американската морнарица, тврди дека Пентагон води метеоролошки војни уште од Виетнам, каде се создавани вештачки урагани.
Американскиот секретар за одбрана Коен, во април 2007 година изјави дека „американската влада се впушта во еко-туризам по пат што може да влијае на климата, предизвикувајќи земјотреси и ерупции на вулканите со помош на електромагнетни бранови“.
САД и Израел водат тајна војна против Иран во последните неколку години. Покрај отворените закани, овие две земји се обидуваат да ги намалат нуклеарните аспирации на Иран со помош на два софистицирани вируси „Флејм“ и „Стукснет“.