Исчезнатиот авион намерно ги исклучил сигналите и сменил правец – се погласни теории за киднапирање


Резултатите од истрагата околу исчезнувањето на малезискиот авион укажуваат дека е можно леталото да било киднапирано од страна на некој од пилотите или од друго лице, соопшти денеска претставник на Владата на Малезија, кој побарал анонимност.

Киднапирањето на авионот повеќе не е теорија, туку се потврдува и со резултатите од истрагата, нагласи тој.

avion malezijaКомуникациските системи на авионот биле изгасени во период од 14 минути. Ако авионот паднал поради дефект во тој случај трансмитерите би се исклучиле во исто време.

Едниот трансмитер бил исклучен во 1:07 часот, а вториот во 1:21 часот, во моментот кога пилотот на контролата на летови ѝ кажал „добра ноќ“. Авионот потоа нагло свртел го сменил курсот и исчезнал. Пред да исчезне од радарот авионот и невообичаено ја зголемил висината на летање што не е пракса велат експертите. тој се искачил на висина од 45.000 стапки. Да не биле исклучени сигналите радарите и контролата би добиле аларм за ова од авионот.

Два извори за Ројтерс потврдиле дека неидентификуван авион, за кој истражувачите веруваат дека е исчезнатиот авион на летот МХ370, летал на рута меѓу две навигациски точки во близина на северозападниот брег на Малезија, кога последен пат бил забележан од страна на воен радар. Тие податоци сугерираат дека рутата била намерно избрана од школуван пилот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1