Исмаиловиќ призна за оружјето само за да лежи во Косово – подобро затвор тука отколку да се вратам во Македонија


Слобода или најмалку две години затвор, ова според косовските правници се можните законски варијанти за пресудата против Алил Демири и Африм Исмаиловиќ која треба во петок да биде објавена во Приштина, пишува Канал5.

240Monster-suspects-in-Pris

На првообвинетите во Монструм во Приштина им се суди за поседување нелегално оружје. Исмаиловиќ ја призна вината, но неговиот адвокат дообјаснил дека тоа го сторил затоа што се  плашел да се врати во Македонија.

-Тој не им верува на властите во Македонија дека ќе бидат објективни и ми кажа дека не е виновен за делата за кои е обвинет во Македонија. Би се чувствувал многу посигурно доколку тоа дело се процесуира надвор од Македонија, изјави Ветон Речај, адвокат на Африм Исмаиловиќ, пишува Канал5.

Демири пак се бранел со молчење, а неговиот адвокат очекува ослободителна пресуда. Адвокатите за Канал 5 велат дека  треба да се почека пресудата која ќе биде изречена во петок да стане правосилна но доколку бидат осудени на затворски казни ќе инсистираат казната да ја одлежуваат во Косово, а не како што се прогнозираше од македонска страна да бидат испорачани на Македонија- овде да ја издржуваат казната и паралелно да им се суди за Смиљковскиот масакр.

– Согласно законот, во случај  бидат огласени виновни ќе мора да одлежуваат овде. Нема таков договор меѓу Македонија и Косово за да може да ја издржуваат казната во Македонија. Но не гледам причина зошто овој суд би ги прогласил виновни, барем за мојот клиент, бидејќи доказите се многу слаби, изјави адвокатот на Алил Демири, Бесник Бериша.

monstrumПостапката за екстрадиција е одвоена од кривичната постапка за оружјето и во овој момент никој не збори за испорачување во Македонија бидејќи им има постапка во која се обвинети за кривично дело во Косово, објаснува Бериша.

Инаку, Демири и Исмаиловиќ беа уапсени во пред повеќе од 5 месеци во Приштина. И додека нивните столчињата во скопскиот кривичен суд се празни тие денеска од притвор беа донесени во приштинскиот суд, додава Канал 5.

Судијата не и дозволи на Канал 5 да направи снимки во судница. Судењето го следа роднини од Скопје, претставник од ОБСЕ но немаше голем интерес од други новинари. Покрај Канал 5 имаше само уште еден косовски медиум.

Извор – Канал 5 / ФОТО: Балканинсајт

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1