Текстот за кој се верува дека е автентична верзија на Евангелие по Барнабас, Исусов ученик, моментално е во сопственост на турските власти кои го заплениле од криумчари кои пренесувале антиквитети.
Според иранските медиуми книгата има моќ да ги сруши темелите на христијанството и да ја вознемири светската политика со своето тврдење дека Исус никогаш не бил распнат.
Во книгата исто така стоело дека Исус го предвидел доаѓањето на пророкот Мухамед, тврди иранскиот „The Basij Press“.
Книгата која е напишана на сиријски јазик, на арамејски дијалект, го заинтригирала и Ватикан кој од властите во Турција службено побарал увид во книгата.
Иако причината на тоа барање е непозната, турските власти се уште веруваат дека книгата е генијална и сместена е во Палатата на Правдата во главниот град Анкара.
Постојат неколку извештаи дека е преместена во градскиот етнографски музеј под силна заштита на вооружени сили.
Иако многумина го отфрлија ваквото тврдење како смешно и антихристијанска пропаганда која ја предводи Иран, сепак иранските медиуми тврдат дека книгата ќе предизвика пад на христијанството.
Според иранските записи книгата го предвидува доаѓањето на последниот исламски месија и докажува дека исламот е последна и исправна религија.
Турските власти текстот од криумчарите го одзеле во 2000 година.
Иако многу независни стручњаци изразиле сомневање во врска со автентичноста на книгата како извор на Барнабасова Библија, во иранските записи стојат извештаи дека книгата ќе предизвика револуција во религискиот свет.