Измама – жената на кинескиот политичар платила двојничка да лежи место неа


Експерти користејќи специјален софтвер утврдиле дека жената во судницата не е Гу Каилаи. Претпоставките на медиумите се дека Гу се договорила со Комунистичката партија својата казна да ја издржува во куќен притвор, а нејзината „двојничка“ да лежи в затвор.

Гу Каилаи сопругата на кинескиот политичар осудена на доживотна казна поради убиството на британски бизнисмен, изнајмила жена (слична на неа) за да ја одлежи казната затвор, шпекулираат медиумите.

Споредувајќи ги фотографиите на Гу за време на судењето и оние од пред неколку години, заклучиле дека тоа не е истата жена.

Британскиот „Дејли мејл“ наведува дека експерти користејќи специјален софтвер утврдиле дека жената во судницата не е Гу Каилаи. Претпоставките на медиумите се дека Гу се договорила со Комунистичката партија својата казна да ја издржува во куќен притвор, а нејзината „двојничка“ да лежи в затвор. Гу Каилаи неодамна призна дека во ноември со цијанид го отрула Британецот Хејвуд за што заработи смртна казна, условно на две години – обично таквите пресуди се заменуваат со доживотна казна затвор. Исто така постои можност нејзината казна да се намали и на 25 години доколку во следните две години не изврши кривично дело.

Ова не е ништо ново во Кина. Голем број богаташи осудени поради некаков прекршок, изнајмуваат луѓе кои на нивно место одат в затвор. Станува збор за толку честа појава што дури си имаат и израз за тоа „динг чуеј“ ( динг – замена, чуеј – злочин). Богат Кинез кој што без возачка дозвола усмртил мотоциклист, за 6.000 евра изнајмил човек што ќе ги сноси законските последици. Парите го вртат светот, ама што е многу, многу е.

Tags: , , , , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1