Kаде и зоштоисчезнаа четворица убиени терористи?


Цела недела по судирот со терористичката група во Куманово, Јавното обвинителство на Република Македонија објави дека во Диво Насеље загинале 10 припадници на вооружената група осомничена за тероризам, а не 14 како што првично во саботата објави МВР.

Интересно е и тоа што МВР првично велеше дека најмалку 30 терористи се предале. Подоцна испадна дека бројот на предадените е помал од тие триесетина, од МВР велат дека тоа што тие го објавиле претходно било првично и неофицијално, базирано на информации од терен.mirsad

Кој и каде избројал 14 тела остана тајна, барем засега. Според некои бројката била точна но најверојатно четворицата загинати се платеници а можеби и странци, инструктори па по нечие сугерирање и притисок нивниот идентитет е сокриен. Во јавноста дури и излезе информација дека еден од упасените терористи бил црногорски платеник за кој по апсењето и бил предаден на американската амбасада – ова не е потврдено од МВР но одливот на бројката на упасени а сега и убиени создава сериозен сомнеж.

Во обвинителниот акт кој веќе е поднесен против уапсените пишува дека Мирсад Ндрецај (убиен) од Косово познат како командант НАТО и Бег Ризај (убиен) од Косово познат како командантт Бегу, заедно со Нусрет Каљоши (убиен) роден на 18 април 1975 македонски државјанин и Сами Укшини роден на 10.10.1967 од Косово познат како Командант Соколи, кој и се предаде на полицијата, биле „мозоците“ на групата.terorist

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1