Како да го исчистите целиот дом со помош на сол?


Иако домот ви е преполн со разни препарати и средства за чистење, најевтиниот и најефикасна е обичната сол.

Без оглед дали се работи за морска или ситна, кујнска сол, можете да ја искористите на многу начини.

Ова се само 12 со чија помош куќата ќе светне за неколку минути:

hikujna-sol1. Исчистете ги металните предмети со мешавина од сол, брашно и оцет во ист размер.

2. На флеките на тепихот истурете сол. Почекајте неколку минути, па исчистете ја со правосмукалка.

3. За полесно да ја отстраните загорената храна од тавчето, веднаш по користењето истурете сол.

4. Флеките од кафе отстранете ги така што на нив ќе втриете голема количина сол.

5. Ако сакате да го исчистите бокалот за греење вода, наполнете го со вода и додајте 4 лажици сол. Оставете ја водата да зоврие и исплакнете.

6. Исчистете ја пеглата така што на стар пешкир ќе ставите сол, а потоа со жешка пегла неколку пати ќе поминете преку неа.

sol7. Исчистете ги сунѓерите од бактерии така што ќе ги потопите во зовриена, солена вода.

8. Ако цвеќето ви стоеше предолго во вазата, сигурно останале флеки и непријатен мирис. Ослободете се од нив со помош на сол, а потоа исплакнете со млака вода.

9. За да се ослободите од мравките истурете сол околу прозорците и вратите.

10. Направете супер ефикасно средство за чистење на подовите така што во кофа полна вода ќе додадете 1 шолја сол.

11. За темните пешкири и фармерки да ја задржат бојата подолго, истурете лажица сол во машината за перење.

12. Исчистете ја прашината од пластичното цвеќе така што ќе го ставите во кеса со сол и добро ќе протресете.

Избор: Црнобело

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1