Како да постиш на рамазан ако сонцето не заоѓа – дилема на муслимани во Финска


Група муслимани кој живеат на северниот дел од Европа во градот Рованијем на северот на Финска имаат реален проблем за големиот верски празник Рамазан.

Како да постат од изгрејсонце до зајдисонце кога во овој период од годината таму сонцето не заоѓа.

Односно таму сонцето излегува околу 3 а заоѓа околу 24 што значи тие би требало да постат и да се без храна и вода повеќе од 20 часа.

Но вистински проблем би имале во 2015 – рамазан тогаш се паѓа на 20 јуну време кога соонцето воопшто нема да заоѓа. Според Mahmud Said, муслиманите во таа земја би требало да постат според изгрејсонцето и зајдисонцето на најблиската муслиманска земја – во случајот Турција.


Но неговиот став не го поддржуваат сите муслимани – некои велат дека куранот е јасен од изгрејсонце до зајдисонце без храна и пијалок. Неможеш да го поместуваш зајдисонцето како што тебе ти одговара, велат оние кои се против оваа солуција.

Омар Мустафа, претседателот на исламската асоцијација во Шведска вели дека тој проблем е со години и предизвикува вистинска дебата кај муслиманите од овој дел на светот.

Центарот за исламски заедници ЕНКОРИЏ на Аљаска препорачал, по консултација со исламски експерти да се оирентираат според изгрејсонцето во Мека – светиот град на исламот.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1