Mомче од Кина ја заглавило главата во отвор на бетонска тераса и поради паника не можел да ја извади главата. Плачел на целиот глас, а околку него се собрале луѓе кои не знаеле како да му помогнат.
За да му ја извадат главата од отворот во бетонот, морало да дојдат пожарникари кои употребиле хидраулична клешта за да го прошират отворот во бетонската тераса и да го ослободат момчето. Детето било спасено без повреди. Целото во солжи дотрчало кај неговата баба и продолжиле да шетаат. Но најверојатно по оваа случка повеќе никогаш нема да му падне на памет вака да си игра.