Капетанот на Коста Конкордија бара 50.000 евра за интервју


Капетанот кој ја удри и потона Costa Concordia, и во која несреќа загинаа 32 лица, решил да ја уновчи својата приказна. Бара 50.000 евра за интервјуто што би го дал на заинтересираните телевизии и весници.

Семејствата на жртвите и останатите патници веќе поднесоа тужба во обид да го спречат сега и во иднина да заработува на ова за него срамно патување, каде наместо да им помогне на патниците тој првиот се спасил од бродот кој тонел

52 годишниот капетан одговара пред суот за повеќекратно убиство, напуштање на бродот, и несовесно и непрофесионално водење на спасувачката мисија.

Адвокатот на капетанот потврдил дека италијанскиот весник La Stampa бил во преговори со неговиот клиент.

,, двата заинтересирани медиуми не плаќаат за приказната туку за екслузивата, мојот клиент поради таа сума се обврзува да не зборува со други медиуми се додека овие два истовремено не ја објават приказната, а потоа може да разговара и со други. Значи не наплаќа за приказната туку за екслузивноста,, изјавил адвокатот.

Веднаш по оваа информација се дозна дека капетанот преговарал и до американска издавачка куќа, за да и ги продаде правата за книга.

Carlo Rienzi, претседателот на Codacons consumer group, кој ги застапуваат патниците на бродот вели дека секое евро кое капетанот ќе го заработи ќе му го земат на суд и ќе го дадат на семејствата на жртвите.

Минатата недела судот му го укина домашниот притвор на капетанот, но не смее да го напушта градот.

Капетанот пред судот се правдал дека тој не ја потонал Конкордија туку ја спасил. Тоој тврдел дека знаел дека пред нив има карпа – на прашањето на обвинителството како знаел кога карпата била под вода а Конкордија не била ни близу, капетанот одговорил.

,, во тој момент божествена рака се спушти на мојата глава и ме натера да го свртам бродот. Доколку не свртев ќе удревме во карпата пред нас и ќе беше масакар, јас всушност не сум виновен за смртта на овие луѓе туку за спасот на многу повеќе кој ќе погинеа ако не сум свртел.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1