Министерот за здравство Никола Тодоров идната недела ќе се сретне со родителите на Митко Влајков 18-годишното момче од Кавадарци кое почина на фудбалски натпревар откако кај него интервенирала лажната докторка од Брзата помош. Средбата е веќе договорена, по што треба да започне истрага за случајот информира Нова ТВ.
Родителите бараат обдукција и истрага за случајот на нивниот син кој почина откако му се слошило пред да влезе да игра, а лажната лекарка му ставила адреналинска инекција директно во срце.
-Она што ме фрапира е што во Македонија постоел еден ум, кој што можел да направи една ваква страшна работа, а тоа е лажно да се престави како доктор и да интервенира изјави министерот Тодоров.
Случајот го откриле инспекорите при рутинска контрола на болницата. Тодоров вели дека однесувањето на лажната лекарка било многу сомнително, но фалсификатот на документите бил вешто направен.
Со проверка било утврдено дека ниту во регистарот на медицински факултет, ниту во Лекарската комора не постои нејзиното име. Против неа е поднесена кривична пријава за фалификување на документи, надрилекарство и измама. Дополнително истрагата треба да покаже дали момчето можело да преживее доколку не била дадена таква интервенција.
Видео – Нова ТВ