Кинескиот милионер Џу Џијангџијанг загина додека ги спасувал своите вработени од пожарот кој го зафатил третиот кат од зградата каде се наоѓале канцелариите на неговата агенција за недвижности.
И милионерот и сите вработени живееле во таа зграда, пренесува хрватски Дневник.
Пожарот избил доцна навечер, а димот и пламените јазици го разбудиле младиот 28 годишен милионер. Веднаш станал и истрчал надвор, но кога видел дека неколку од неговите вработени не се симнале помислил дека сеуште спијат и не се свесни за опасноста и се вратил во зградата за да ги разбуди и да ги избави од огнената стихија.
Успеал да спаси 8 мина но кога се вратил по последните двајца се угушил од димот и починал. Пожарникарите го нашле пред вратата на еден од становите во кој живеел негов вработен.