Случајот во кој 14 годишната Анаис Фоурнирер која умрела откако минатата година откако испила две лименки енергетски пијалок „Монстер“ предизвика паника кај љубителите на кофеински пијалоци. Всушност во извештајот од патологија стои дека труење од кофеин ја предизвикало смртта. Таа испила количина кофеин еквивалентна на четири шољи кафе. Но причина за паника сепак нема. За среќа оваа количина на кофеин за повеќето би била потполно безопасна. Но која доза би можела да го загрози вашиот живот?
Научното списание „Forensic Science International“ тврди дека смртоносна доза може да биде и пет грама кофеин.
Иако предозирањето со кофеин е ретка појава се почесто голем број на смртни случаи се поврзуваат токму со кофеинот. Проблемот е во тоа што кофеинот во повеќето случаи бил кобен во комбинација со алкохол и срцеви болести.