Мажите кои вежбаат имаат сперматозоиди кои пливаат побрзо


Мажите кои сакаат да имаат деца нема да погрешат доколку почнат да посетуваат теретана. Ова е заклучокот што произлезе од новата студија која потврдила дека вежбањето може да го потпомогне оплодувањето бидејќи овозможува сперматозоидите да пливаат побрзо.

Истражувачите од Универзитетот во Кордоба сакале да проверат дали постои разлика во нивните хормони и квалитетот на сперматозоидите кај мажите кои се физички поактивни и оние што не се многу активни.

Во студијата која е објавена во „European Journal of Applied Physiology“ ги споредиле бројот на спермадозоиди, нивната мобилност и ги анализирале хормоните вклучувајќи го и тестостеронот и кортизолот.

Утврдиле дека мажите кои биле физички активни имале сперматозоиди кои биле побрзи како и тоа дека имале сперма која е подобро формирана.

– Иако е потребно да се направат уште многу вакви студии за да се потврдат ваквите резултати сепак со сигурност може да тврдиме дека вежбањето го стимулира производството на сперма, изјавил лидерот на истражувањето Диана Вамонд.

Сепак, веројатно и премногу вежбање може да биде контрапродуктивно бидејќи пред две години Вамонд објавила студија во која вели дека квалитетот на спермата кај спортистите е многу полош отколку оној кај рекреативците.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1