Постигнат нов светски рекорд со глобалната емисија на СО2


Светската емисија на СО2, гас кој се смета како главен виновник за глобалното затоплување, минатата година порасна на нови рекордни 34 милијарди тони, во што Кина и натаму е водечка во неговото производство, соопшти денеска германскиот приватен институт за обновливи извори на енергија IWR.

Во истражувањето стои наведено дека емисијата на СО2 минатата година пораснала за 800 милиони тони повеќе во однос на 2010 година, како и тоа дека Кина учествувала во вкупната светска емисија со 8,9 милијарди тони, што е многу повеќе од САД кој учествуваат со 6 милијарди тони.

По еднократниот пад на емисијата на СО2 во 2009 година следеше глобалната економска криза која предизвика повторно тренд на раст на емисијата на СО2, истакнуваат од Институтот.

– Доколку се продолжи со актуелниот тренд, глобалната емисија на СО2 до 2020 година ќе порасне за 20 отсто и ќе изнесува 40 милијарди тони, наведува во соопштение директорот на Институтот, Норберт Алнох.

Колку за споредба, во 1990 година емисијата на овој штетен гас изнесувала 22,7 милијарди тони.

На листата на најголеми светски емитери на штетни гасови после Кина и САД се наоѓа Индија, која го зазема третото место со 1,8 милијарди тони, а следни се Русија со 1,7 милијарди, Јапонија со 1,3 и Германија со 804 милиони тони.

Меѓу десетте најголеми само САД, Русија и Германија во 2011 година го намалиле производството на овој штетен гас, соопштуваат од IWR, додавајќи дека дадените бројки се базираат врз глобалната потрошувачка на фосилни горива, за што пак податоци објави британскиот енергетски гигант ВР.

 

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1