Вонредна состојба во американскиот град Далас, 30 лица починаа од убод на комарец кој го пренесува вирусот West Nile, пријавени се уште 700 инфицирани од овој смртоносен вирус, 65 лица се хоспитализирани во градската болница.
Алармантната ситуација ги натера градските власти да прогласат вонредна состојба и да побараат итно прскање со инсектициди, за да може да се усмртат што е можно повеќе преносници на овој вирус.
Според информациите, речиси сите починати од вирусот имале и претходно нарушено здравје и слаб имунитет, поради што нивниот организам не можел да ја издржи борбата со вирусот.
Далас во моментов потсетува на град од хорор филмовите, населението живее во страв – се соочуваат со убијци кои се речиси невидливи.