Навивачката група „Комити“ најверојатно ќе ја прифати подадената рака од раководството на ФФМ и на мечот со Хрватска повторно ќе се врати на Западната трибина на арената „Филип Втори“ кога е во прашање националниот тим, пишува екипа.мk.
Според порталот на последниот состанок пронајден е заеднички јазик со најголемата навивачка група „Комити“, многу важен фактор за создавање на вистинска атмосфера и за кревање на моралот кај фудбалерите и дека е од исклучителна важност „Комити“, како најголема и најдоброорганизирана навивачка група, да ја дадат својата поддршка.
Од „Комити“ се очекува да ја прифатат подадената рака и да се појави на трибините на дуелот со „коцкестите“, а потоа и со Србија.
Комитите не доаѓаат организирано на натпреварите од мечот со Шкотска во 2008 година, кога им беше одземен транспарентот со поддршка за Јохан Тарчуловски. Тогаш последен пат се забележани со обележја пишува екипа.