Политичка СИДА во Собранието


Од толку менување на партнери можете да добиете политичка СИДА – рече Шеќеринска во своето излагање на собраниската говорница за време на седницата за интерпелација на Владата, која се уште трае.

– Се тресела гората, се случила владина криза и се роди глушец. но тој лека полека го гризе јажето кое едвај ама се уште ги држи меѓуетничките односи во Македонија. Кој тоа не го гледа или е политички слеп или е политички глув или е уценет или е потплатен. Тоа се единствените четири алтернативи. Затоа ја поднесуваме оваа интерпелација. За  да ги соочиме сите кои имаат одговорност да не бидат слепи, глуви и да се спротистават и на корупцијата а можеби и на уцените,, рече Шеќеринска

,,Зошто ви треба овој театар, зошто сега поднесовте итнерпелација, а не по извештајот на европската комисија во среда кој ќе е најпозитивен до сега. Зошто не знаете да се радувате за Македонија, зошто не го прифаќате реалниот извештај на ЕК. Сеете страв кај граѓаните дека ние правиме меѓуетнички тензии за вие да додјете како спасители,, рече Силвана Бонева во реплика на говорот на Шеќеринска.

Врз основа на член 217 став 3 од деловникот за работа на Собранието, пред гласањето за доверба на Владата обраќање има премиерот Никола Груевски. Расправата е завршена – по обраќањето на Груевски, пратениците ќе гласаат за доверба на Владата.

Повеќе од денешната расправа во Собранието

На сред интерпелација собранието во мрак

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1