„Импланон“ е цевче со големина на кибрит, (така и наликува) се вградува во зоната на надлактицата. Дејството на овој вид контрацепција е три години, период во кој го испушта хормонот прогестерон.
Во Британија го користат илјадници жени, но откако минатата година се откриени 600 случаи на бременост и покрај користењето на ова средство, ефективноста на методот е ставена под знак прашалник. Неколку десетици жени се пожалиле и дека цевчето се дислоцирало од предвидената зона, лекарите не можат да го пронајдат низ телото, ова меѓудругото стои и во податоците на британското тело за надзор на лекови и медицински помагала.
Контрацептивното средство ја спречува овулацијата, понекогаш предизвикува нарушени циклуси. Цевчето е изработено од биоразградлив материјал, предвидено е лесно вградување и вадење од телото. Особено голема популарност меѓу британските тинејџерки постигна кон крајот на минатиот век.
Може да дејствува и до 5 години, поради што голем број жени непресметувајќи го периодот, останале без деца. Производителот пак, ја замени старата со нова верзија, која би требало полесно да се лоцира во телото. Сепак и покрај големиот број предизвикани проблеми „Импланон“ не е повлечен од пазарот.