Копт измамник е вистинскиот автор на филмот кој доведе до убиството на американскиот амбасадор


Сем Басил, режисерот на филмот „Невиност на муслиманите“ е всушност Накула Басилеј Накула, кој стои зад вистинската режија на контроверзното филмско дело.

За него постојат сознанија дека е египетски копт, кој живее во Калифорнија каде што бил осудуван за финансики малверзации. Тој претходно на медиумите им се претставувал како американски градежен изведувач. Филмот „Невиноста на муслиманите“, на исламистите во Либија, им послужи како причина за убиството на американскиот амбасадор, Кристофер Стивенс и тројцата членови кои што работеле во конзулатот во Бенгази.

Филмот во кој пророкот Мухамед, меѓу останатото, го прикажува како и хомосексуалец и заговорник на педофилијата, неделава предизвика огромен гнев во арапскиот свет, поради тоа што на Јутјуб се појави верзија синхронизирана на арапски, а пртходно во јуни истата беше одржана во САД. Тогаш филмот бил прикакжан како „Невиноста на Бин Ладен“. Стив Кајн, антимуслиманскиот активист од Калифорнија, изјави за „Лос Анџелес Тајмс“, дека филмот е прикажан во Холивуд со надеж дека ќе привлече и исламски екстремисти. Клајн кој бил консултант на сценариото за филмот, изјави за Си-Ен-Ен, дека е во контакт со авторот на контроверзниот филм.

„Тој е многу депресивен и вознемирен. Зборував со него утрово и ми рече дека е загрижен поради тоа што се случи во амбасадата“, навел Клајн.

Накула Басилеј Накула изјави дека помогнал во продукцијата на филмот, а некои детали укажуваат дека тој би можел да биде Сем Басил.
Глумците од филмот соопштуваат дека биле измамени околу намерата на продуцентот и во целосност се одрекуваат од конечната верзија на филмот, а велат дека и гласовите во некои делови им биле синхронизирани.
„Целата филмска постава и екипа во филмот се вознемирени и сметаат дека продуцентот ги искористил. Ние не стоиме во целост зад филмот и бевме измамени околу неговите намери. Шокирани сме од драстичните промени и лагите кон сите оние кои учествуваа во истиот“, наведуваат глумците во соопштението.

Демонстрации во Јемен, Иран, Египет…
Протестите – Антиамериканските демонстрации беа проширени во Либија, Египет, Јемен, Иран, Мароко, Судан и Тунис. Голем број на луѓе беа повредени, а повеќе возила беа запленети кога демонстрантите гневни поради антиисламскиот филм упаднале во комплексот на американската амбасада во престолнината на Јемен. Во Каир, биле повредени најмалку 13 полицајци кои се нашле во директен судир со масата луѓе, кои ги нападнале со камења и запаливи бомби. Околу 500 Иранци, протестирале и во Техеран.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1