Крим проглаи независност – „го следевме меѓународното право исто како Косово“


Прогласувањето независност на Косово укинува било какви правни претензии кон Врховниот Совет на Крим, кој ја усвои декларацијата за независност на републиката од Украина и има намера да влезе во составот на Русија.

ukraina22Таквото мислење го изјави претставникот на комитетот во Советот на Федерацијата за меѓународни односи, Михаил Маргелот, а пренесува „Гласот на Русија“. Сенаторот е убеден дека Врховниот Совет на Крим основано повикува на меѓународен преседан поврзан со искуството на Косово. Тој потсети дека на 17 февруари 2008 година парламентот на покраината еднострано прогласи независност од Србија. Тоа значи дека Симферопол не треба да добива согласност од Киев за референдумот и за приклучување кон Русија, објасни Маргелов. Тој, исто така, забележа дека косовскиот преседан бил планиран и одобрен од Западот, така што „духот од ламбата за самоопределување на нациите во Европа не е пуштен од Русија“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1