Пронајден е исчезнатиот авион далеку од својата рута?


Официјалното малезиско воздухоплоство успеа да го лоцира исчезнатиот авион и тоа на малечкиот остров Пулау Перак во Малака, што е стотина милји оддалеченост од вообичаената патека од Кауала Лумпур до Пекинг.

malezija_645575S1Доколку податоците се точни, авионот летал во спротивна насока од закажаната рута и на спротивна страна од Малезискиот полуостров.

Мореуз Малака е еден од најфреквентните светски поморски патишта кој се протега долж западниот брег на Малезија и го поврзува Андаманското море со Индискиот океан на запад како и Јужното Кинеско море со Тихиот океан на исток и југоисточниот дел на Азија. Според првичните информации, авионот изгубил контакт со контролата на летање во близина на брегот на Виетнам.

По авионот на летот МX370 од Куала Лумпур до Пекинг веќе четири дена трагаат десетици бродови и авиони а се верува дека во него летале вкупно 239 патници и членови на екипажот.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1