Кумановецот Тони Атанасовски (39) во нападот на базата Ледарнек се здобил со повреди од шрапнели во левата надлактица и рамето поради што му биле извршени неколку операции, јавува kumanovonews.
Според порталот кумановецот имал 2 операции на раката во воената болница во Кандахар, а вчера од рамото му ги извадиле преостанатите шрапнели. Следи и пластична операција на рамото.
,, Се слушнавме вчера по телефон и ни рече дека се чувствува добро, но ние нема да се смириме се додека не го видиме- велат за kumanovonews вознемирено и со солзи во очите родителите на Тони.
За немилоит настан тие дознале во неделата наутро кога им се јавил претставник од фирмата Дајн Корп.
Автобусот што го управувал Тони целосно бил изрешетан, а тој и покрај повредата и со дупнати гуми тој успеал да излезе од престрелката и да ги спаси патниците од сигурна смрт – раскажуваат родителите.
Тони како шофер во базата Ледарнек работел две години, а неодамна го продолжил договорот за уште една година.
Во минатонеделниот напад на талибанците, кога е повреден Атанасовски загинаа двајца маринци, а уште шест биле ранети.
Извор – kumanovonews