Лекар препишал лек против хомесексуалност – ќе остане без лиценца


Австралиски радиолог доби забрана на лекарската лиценца, препишал лек против хомосексуалност на негов 18 годишен пациент.

Откако момчето му признало дека е хомосексуалец, Др Крадок му препишал „ciprostat“, лек што се користи при рак на простата и кој што го намалува нивото на тестостерон.

И докторот и пациентот се членови на конзервативна христијанска група која не гласа на политички избори и во потполност ги избегнува радиото, телевизијата, интернетот и сите придобивки на 21 век.

Откако се пожалило момчето, комисијата утврдила дека Крадок воопшто не извршил преглед, ниту пак го испратил на разговор со психолог или училишен советник. Докторот ги признал сите точки од обвинението, најверојатно ќе остане без лекарска дозвола.

Tags: , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1