Анестезиолог во една болница од кинескиот град Ксианмен е осуден на затворска казна, откако силувал пациентка која била под анестезија.
Жртвата претходно била оперирана во клиниката за женски болести. Таа останала во несвест уште некое време и била префрлена во одделот за постоперативна нега.
Додека била онесвестена, 38-годишен анестезиолог ја силувал, а се’ било снимено на сигурносните камери.
Кога пациентката се разбудила, веднаш сфатила дека нешто не е во ред и го пријавила докторот. Тој е осуден на 26 месеци затвор, но граѓаните на Кина бараат многу построга казна.