Фото: Љубов и во здравје и во болест – секогаш заедно


Трогателна приказна и доказ дека љубовта не познава граници. Во добро и во лошо, во здравје и во болест секогаш заедно. Овој пар од Портланд не можеше да ја организира венчавката како што сакаат.

На девојката Џејми Амос и дијагностицирале тумор на мозокот и и закажале итна операција. Момчето Џонатан Тајоја сакало и пред бога да се заколне дека таа е жената на неговиот живот.

Ја запросил во болница, девојката расплакана рекла ДА. Но вистинското изненадување следело потоа. Момчето организирало се да се венчаат во истиот момент, таму во болницата.

Викнал матичар, го украсил дворот на болницата, викнал шминкери да ја дотераат неговата невеста и донел невестински фустан. Таа во количка била пренесена во дворот на болницата каде двајцата си ветиле дека ќе се заедно во добро и во лошо = до крајот на животот.

Фото сторија за една љубовна приказна од која се топат срцата.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1