,,Летва,, пијана украла брод тврдејќи дека е Џек Спероу


Алисон Вилан од Велика Британија, по неколку дена од опивањето и земањето на билка што предизвикува халуцинации, го украла бродот на реката Дарт, и почнала да плови по реката, во лична режија на филмот „Пиратит од Карибите“.

Пијаната жена тврдела дека е пират и со извици „Јас сум Џек Спероу“, успешно бегала од полицијата цел час.

Вилан (51), поминала два дена пред инцидентот опивајќи се со „Ламбрини“ и јадејќи смртоносна билка што и предизвикала халуцинации.

Таа со својот партнер Тристан Лок, во Девон украла брод на реката Дарт, и почнала да плови по реката.

Тие бегајќи предизвикале инцидент по текот на реката, како што украдениот брод удирал во други бродови во реката, во полициското гонење што траело скоро час време, и во кое учествувале триесет припадници на итна помош, полиција и крајбрежната стража.

По апсењето на Вилан, изјавила дека ако не ја спречеле ќе стигнала веројатно до Сен Тропе. Вилан е осудена на 112 дена затвор заради овој инцидент, додека бродот кој воглавно се користи за крстарење, претрпел штета од 1.500 $.

Tags: , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1