Мајмун случајно се обесил во зоолошка во Прага



Горилата по име Тату случајно се обесила денес во зоолошката во Прага, место каде што пред пет години дошла на овој свет. Тату настрадал утрово додека си играл со јажињата за нишање во кафезот, изјавил директорот на зоолошката Мирослав Бобек.

„Ова е најтрагичниот случај што се случил во оваа зоолошка градина по поплавата која што се случи во 2002 година, кога настрада голем дел од паркот“, изјави Бобек.
Чуварите безуспешно се обидоа да го оживеат горилото, откако со воден топ ги избркаа останатите животни во кафезот.


„Женката Камба пак најстарата меѓу горилите, тврдоглаво одбивала да се одвои од Тату“, вели Бобек кој што досега учествувал во проекти, како би ги заштитил овие врсти на загрозени примати, како што е собирање на средства за резерват на горили во Камерун.

Во 2002 година во поплавата предизвикана од излевањето на реката Влтава, во зоолошката настрадаа повеќе од 100 животни, меѓу кои и една горила.

Зоолошката во Прага има уште шест горили кои за посетителите се едни од најпопуларните животни.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1