Србите параноични за безбедноста на нивниот воздушен простор, пријавуваат чудни летала на небото


Србите по 1998 година откако беа бомбардирани од страна на НАТО, се доста параноични што се однесува до безбедноста на нивната воздушна територија.

Граѓаните на нашиот северен сосед во последно време се повеќе забележуваат чудни летала, кои што веднаш ги пријавуваат во директоратот на цивилното воздухопловство на Србија. Во последните шест месеци во директоратот пристигнале 30 пријави за летала кои што позади себе оставале чудни траги.

Во пријавите постојат забелешки и од страна на граѓани, кои што реагираат за ниското летање на некои од пилотите, кои што кружеле околу населени места, особено оние кои што запрашуваат против комарци. Сепак Директоратот сериозно ги разгледува и оние пријави кои што говорат дека на небото на Србија се гледаат чудни траги, произведени од страна на некои чудни летала.

Ваквата програма за примање на пријавите, Директоратот ја покрена минатата година, а се состои од доброволно и анонимно пријавување на случаеви, за кои што граѓаните сметаат дека би можело да претставува потенцијална опасност и би можело да ја загрози безбедноста на цивилното воздухопловсво.
„Сите пријави детално се обработени по истата процедура по која се проверуваат сите останати случувања во воздухопловството“, изјавила Катерина Андриќ Милосаљевиќ.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1