Македонецот Славче е најмлад дизајнер во Мерцедес


Славче Таневски е најмладиот дизајнер во Мерцедес. Тој е Македонец, студирал овде, но и во Германија. Тој моментално ја дизајнира надворешноста на сите сериски возила на Мерцедес-Бенз. Од А-класа, сите лимузини, СУВ возила, до СЛС.

Само 12 дизајнери ги создаваат сите Мерцедес модели и повеќе од јасно е дека овој клуб од професионални дизајнери е ексклузивен и дека е многу тешко да се успее до таму. Но талентот на Славче и неговата професионалност го внесоа во тој екслузивен клуб. Но освен квалитетен дизајнер, треба да бидете пред се’ човек и професионалец, вели Славче.  Славче за својата кариера во Мерцедес говори во интервју за факултети.мк

– Си студирал и на македонски и на германски факултет. Можеш ли да направиш споредба помеѓу факултетите овде и таму?

Најголемата разлика е процентуалната поделеност на теоретски и практичен дел. Студирав индустриски дизајн на Машинскиот Факултет во Скопје каде учев многу непотребни теоретски предмети, додека пракса имаше многу малку. Во Минхен беше сосем спротивно. Во Германија постои индустрија, во Македонија не. Во Минхен секогаш на 1во место било квалитетно да се изработи проектот и на крај студентот да добие работа. Во Македонија најважни се оценките и дипломата, во Германија тоа е портфолиото.

– Што би им порачал на сегашните и идните македонски студенти?
На македонските студенти би им препорачал да бидат упорни и да се вложуваат максимално во тоа што го сакаат, доколку навистина имаат цел. Да се интересираат и да контактираат со луѓе кои успеале. Да ги влечат професорите за ракав и да бараат знаење и совет од нив. Треба да покажат глад за знаење и да бидат самоиницијативни.

Комплетното интервју за факултети.мк може да го погледнете ОВДЕ

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1