Навредливи пораки за Македонија, Македонците, за премиерот Никола Груевски, се појавија на интернет страницата на македонскиот Државен просветен инспекторат.
На сајтот под пораките како ,,фиромски копили*а, „Македонија е Грчка“ Хакерите се потпишале како П.А.О.К., а заедно со навредливиот текст на страницата на Просветниот инспекторат е постиран и извадок од филмот за Александар Велики.
Пораките се отстранети веднаш, но сајтот на инспекторатот е сеуште недостапен.