Македонија лежи на нафта?


Македонија спаѓа во земјите на Јадранскиот Базен на одредени локации има богати количини на нафтени резерви.

Нафта имало во Пелагонискиот дел , каде има и богати наоѓалишта на јаглен, Овчеполскиот дел, Полошкиот дел и Охридско Струшкиот базен, пишува факултети.мк

Македонија Србија ,Војводина и Босна спаѓаат во земјите на Европа каде има најголеми резерви на природна Нафта. Југословенскиот Геолошки институт уште во 1974 година вршел бушења на наколку локациии во Македонија, акцијата имала име „Бунар„ Нивните наоди биле дека како сурова нафта, необработена вредноста била околу 500 милијарди долари,а ако се обработи и тројно повеќе би вредела.

Пробни бушотини се правени и во Охридскиот базен на два локалитети, едниот кај вулканското дувло кај селото Косел и другата бушотина крај Св.наум.

Кај Косел на длабочина од 300 метри нашле геотермална вода која имала температура од 90 степени целзиусови, додека на длабочина од 800 метри се наишло на природен гас-Плин и Нафта. Бушотината е затворена и бетонирана ,а целокупната архива околу наодите на бушотината и комплетниот елаборат се наоѓаат во Војно техничкиот Институт во Београд (ВТИ).

Во реонот на Свети Наум на длабочина од 1400 метри откриен е наод на природен гас –Плин и Нафта , овој наод се поврзува со Албанската таканаречена нафтена жила , која од страна на Албанија се експлатира веќе 50 години.

Според експертите со мали зафати Охрид со бушотина кај вулканското дувло кај Косел може да се снабди со топла вода и воведување на парно греење за цел Охрид и Струга со што би се решила топлинската мака на домакинствата во Охридско Струшкиот регион.  Докумантецијата –елаборатите може да се побараат од Р.Србија и со тоа да постанеме водечка економска сила на Балканот, се вели во текстот.

Извор – Факултети.мк

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1