Македонска химна наполни 71 година


HIMNA MAKEDONIJA

Токму на овој ден, далечната 1941, на прагот на новата 42, во виорот на ослободителната борба, за прв пат е испеана македонската химна. Вечерва таа полни 71 година. 

Стружани горди на својот сограѓанин Владо Малески – авторот на македонската химна, вечерва свечено ќе го прослават 71-от роденден на македонската химна. Печатена е и книгата на Сотир Опетчески „Вистината е во букетот цвеќе“,  во која се расветлуваат многу непознати околности и сокриени факти за песната

Пред централната свеченост во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, беше положено цвеќе пред споменикот на Владо Малески и пред спомен-куќата на Сотир Шута, каде првпат била испеана македонската химна „Денес над Македонија“.

Химната е прв пат јавно изведена во куќата на семеството Шута, сред струшката чаршија, во присуство на 28 учесници во НОБ.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1