Македонците освоија 2 место за зелени бизнис идеи


 

На Форумот во Колашин, од 17-20 Јули 2012, Црна Гора, беа претставени избраните 3 идеи од секоја од 5-те држави учеснички. Најдобро ренагираните 3 идеи добија по 10.000 УСД$.

Форумот за зелени претриемнички идеи за земјите од Западен Балкан го органзираше Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) САД.

Нашите претставици во поеднечното рангирање освоија 4-то место (Борис Чавковски), 5 место (ЕД Фронт 21/42), и 8-мо место (ЕД Биосфера).

Согласно рангирањето на државите учеснички сме на 2-ро место, после претставниците на Србија на прво место. Зад нас се Црна Гора на 3-то место, Албанија на 4-то и Косово на 5-то место.

ЦИРа беше одговорна организација и селекција на најдобрите зелени бизнис идеи од Македонија. Од прстигнатите 32 апликации, комисија во ЦИРа избра 3 идеи:

1. на индивидуалниот претприемач Борис Чавковски, со идеја за развој на (руралната) област околу селото Цер, преку засадување на површина под Хелјда и Рицинус и инволвирање на млади лица од селото;

2. Идејата на еколошката организација Фронт 21/42 за воспоставување на Систем на достава на органски прозводи и храна до домови низ Скопје;

3.Отворање на Ботаничка градина во Битола со над 300 видови на растенија и дрва од страна на ЕД Биосфера од Битола.

,, Морам да признаам дека позитивно ме изненди квалитетот на апликациите од Македонија. Од 32-те апликации кои пристигнаа до 5 Јули 2012 кога беше крајниот рок, 12 идеи беа оценети многу високо. Се надеваме дека ќе најдеме начин како да ги поддржиме во блиска иднина, бидејќи сите со себе ќе допринесат кон креирање на работни места во Македонија, решавање на важни потреби и проблеми во животната средина, како и придонес кон развојот на локалните заедници,, велат од ЦИРА.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1