Македонците се убиваат од кликање на интернет – заработуваат ли?


Што бараат огромен број Македонци на сајтот за интернет заработка Необукс ? Кој е овој сервис на кој Fecebook не дава ни името да му се спомене.

pay-per-click-malaysiaОбидете се да напишете на фејсбук необукс.ком  па ќе видите што се случува. Дури и во приватните пораки ако го споменете фејс автоматски го блокира и ќе неможете да ја пратите пораката.

И покрај контрадикторните информации кои циркулираат на интернет , оваа услуга и начин на какава таква заработка се користи секој ден од се повеќе луѓе – а се раскликале и Македонците. Во моментов број еден сајт на листите во Бугарија, дури и пред Фејсбук, Google и YouTube, по посети е токму тој сајт Необукс. На 6 место се наоѓаа во Романија , Србија и Босна . Во изминатата година , неговата популарност скокна за 3 пати. А  од неодамна, токму овој сајт Необукс се најде меѓу првите 10 најпосетени сајтови во Македонија.

Што Македонците бараат на овој сајт толку многу за да биде попосетен од повеќето сајтови?

Необукс е моментално најпопуларниот сервис за плаќање по клик во светот. Со други зборови, тоа е сервис кој плаќа на своите корисници за гледање реклами и нуди неколку други начини да се заработи .

MKnews веќе некое време ја следи работата на овој сајт и еве до кои заклучоци дојдовме за неговата работа, колку плаќа, колку може да се заработи и вреди ли?

neobuh makedonija

Системот навистина редовно ги плаќа нивните членови кои успеваат да заработат нешто . Ова е веројатно еден од клучните причини зошто е сајтот толку популарен – но она што ние го дознавме и на што би морале да обрнете внимание е следното.

1.  Содржината која се рекламира е значително слична на услугите понудени од страна на другите начини за интернет заработувачка. пример други PTC сајтови , па се до  HYIP и forex платформи , кои често се нови и нејасни а и таму не постојат гаранции за ништо. Особено треба да сте внимателни со matrix и HYIP понудите, која во суштина се пирамидални инвестициски фондови кои порано или подоцна пукаат и ќе останете со куси ракави.

Pay-Per-Click-Advertising-9

Не помалку опасен e и Еtoro и binary options сервисите, каде што за само да се регистрирате треба да платите и по неколку стотици долари, тие нудат лесна заработувачка барем на рекламата –  нудат фантастични плата во секунда но забораваат да споменат дека, истите тие пари можете и да ги изгубите во милисекунди.

Понатаму, Необукс нуди различни чланарини кои се плаќаат годишно . Секој од овие чланарина обезбедува бенефиции во смисла на поголеми провизии и заработка но и поголем ризик. Потребно е претходно – пред да се одлучите за некоја чланарина добро да го проучите системот и правилата. Особено системот со реферали кој е уште еден начин на заработка. Тука влогот на членовите се движи од неколку десетици долари, а можат да достигнат и неверојатни неколку десетици илјади долари.

Од корисниците се бара да ги следат активностите на рефералите и соодветно да преземат одредени акциии и во зависност од тоа колку успешно ги менаџираат, провизиите кои се добиваат се пониски или повисоки.

pay-perclick

На поголем влог провизиите може некогаш да достигнат и до висина на нечија месечна плата. Сепак може и да останете со куси ракави доколку не сте ги проучиле добро условите на употреба затоа внимателно прочитајте ги (terms and conditions)

Друга привлечна понуда и начин да заработите тука се таканаречените наградни игри. За секоја реклама која ќе ја погледнете добивате три обиди да добиете една од наградите, а некои од нив се движат и до $ 50 .

Системот нуди и Crowd Flower задачи. Овие се практично мали задачи со кои обично се бара од корисникот да ја провери точноста на податоците, како што се адреса на некоја компанија , телефон, сопственичката структура , кој е директор и слично. Друга задача е да ви прикажува слики и ваша работа е да кликнете на оние за кои сметате дека не се соодветни. Сепак нам најголем впечаток ни оставија задачите кои беа достапни за граѓаните на Австралија, каде што од корисникот е побарано да ја оценува работата на австралиската влада и индивидуално поедини политичари и нивните партии.

Кој ќе научи како да ги исполнува овие задачи дополнително ќе заработи.

Плаќањето оди преку PayPal, Neteller и Payza . PayPal не е достапен во Македонија, но Payza и Neteller се, и функционира нормално. Но потребно да имате налог на еден од овие платни процесори, бидејќи при регистрацијата Необукс ќе ви побара да внесете емаил адреса на платниот процесор кој ќе го користите.

pay per

За да направите налог на некои од овие платни процесори или ако сакате да се регистрирате на Необукс и да се обидете да заработите тоа може да го сторите на следниот линк 

Секој клик паричка – Како да се зачлените 

Необукс е популарен и бидејќи регистрацијата е бесплатна како и стандардното членство, па секој може да се обиде и да види што е тоа и дали се заработува.

Искуствата се различни но сепак важи онаа старата и овде – Нема ништо без малку мака и вложено време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1