Додека спиел на клупа на Калемегдан бидејќи “се занел и останал без пари” Piter Rouds немал поим дека сите го бараат. Во веста дека неговиот омилен бенд “ The Prodigy” му ја платил сметката во хотелот, одвај поверувал.
ДОДЕКА НИЕ ГО ЖАЛЕВМЕ, ТОЈ ДОБРО СЕ ЗАБАВУВАЛ.
Големата потрага по Англичанецот Piter Rouds кој исчезнал после концертот на “Protigy” најпосле е завршена. Англичанецот е жив и здрав, а доказ за тоа е дека пиел кафе со екипата на Телеграф.
Насмеан и добро расположен со убави впечатоци од Србија, гледајќи го се стекнувало впечаток дека Питер воопшто не бил свесен каква паника предизвикал со своето “исчезнување”
-Слушнав дека била покрената кампања на Facebook , слушнав дека по мене трагала половина Европа, а јас немав појма бидејќи немав контакт со моите. Пред малку се слушнав со мојата девојка Вивијан и со сестра ми, и двете се бесни но се многу среќни што сум добро. Кога ќе се вратам ќе им објаснам се. Со моите родители се немам слушнато но не се грижам многу за нивната реакција” раскажал Питер со насмевка на лицето признавајќи дека има “мала главоболка”
За изминатите три дена поминати во Белград “не смее многу да зборува” но рекол дека ништо лошо не му се случило.Напротив
Откако го пробал“локалниот бренд” искоментирал: Вие не сте нормални многу е јака! Се разбира, мислел на ракијата.
Покрај спомените од Белград како сувенир понел и тетоважа која “некој му ја платил” на концертот. Станува збор за мравка која е заштитен знак на групата “The Prodigy”, и самите членови на групата учествувале во Facebook потрагата , а потоа му ја платиле и хотелската сметка за да може да си го земе пасошот од што Питер бил воодушевен