Манекенка која се претвора во жива кукла (Видео)


Луис Ведербурн уште од своето раѓање пати од ретко генетско пореметување поради кое мускулите и се претвораат во коска. Ваквата состојба се нарекува Фибродисплазија (ФОП), а предизвикува претворање на меките ткива во нашето тело во цврсти коскени клетки.


19 годишнната поради состојбата од која патат речиси 700 луѓе на светот, едноставно ќе се „замрзне“, на едно место и ќе се претвори во жива кукла.

Животниот век на луѓето кои се борат со ваквото пореметување е 41 година, но Луис не дозволува да биде роб на својата болест, туку се решила истата да ја искористи и да направи кариера од тоа. Минатата недела ја направила својата прва Лондонска модна недела и позирала за магазинот „Ели“.

„Сакам да се подигне свеста на луѓето за FOP. Тоа не е пореметување со кое луѓето се запознаени доволно добро и не се свесни што се луѓето, кои што го имаат ваквото пореметување, мораат да минат низ животот. Успеав да го пронајдам мојот пат во модата и сакам мојата прикаска да биде инспирација и за другите луѓе и да им помогне да издржат. Морам да им се заблагодарам на моите мајка и баба кои отсекогаш ја сакаа модата, па љубовта кон неа ја наследив од нив“, рекла Луис.

Поради ограничената подвижност, Луис досега морала да биде во постојана придружба, но тоа не ја попречува да ужива во својата кариера.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1