Марс во живо – одете на Марс со НАСА


На официјалната страници на НАСА има известување дека во живо ќе го пренесува слетувањето на Марс. Rover ќе слета на Марс оваа недела, 5 Август, слетувањето може да се следи ТУКА http://www.nasa.gov/home/index.html

А ќе се емитува во живо во Њујорк на Time Square

 

Роботот Rover на Марс ќе е во две годишна истражувачка мисија, во потрага по докази за животот на оваа планета.
истражувањето на црвената планета започна уште со измислувањето на телескопот во 17 век, но во 20-от век, човекот успеа да и пријде на оваа мистериозна планета. Целта на мисиите е, всушност, повеќе или помалку секогаш иста – да се најдат било какви индиции и докази за постоењето на живот.

Но не сите мисии на Марс беа успешни. Најновиот пример е на Руското вселенското летало Fobos-Grunt, кој не ни успеа да излезе од земјината орбита.

На Марс досега имало 45 мисии, од кои 26 завршија со неуспех или само делумен успех. Најмногу потфрлиле Русите – 19 пати НАСА има најголем успех во мисиите на Марс.

Сепак први се Русите, кои се обидоа да испратат сонда во 1960 година. Меѓутоа, лансирањето на сондата беше неуспешен поради дефект.

Во текот на следните две години, Русите се обидоа уште четири пати, но сите неуспешни.

1964. НАСА се обиде – нивната прва мисија заврши неуспешно. Но, 23 дена подоцна, НАСА успешно го лансира Маринер 4, кои во 1965 успешно слета на Марс и се врати на Земјата со фотографија на Црвената планета. Ова е прв успех во освојувањето на Марс.

Но не е така едноставно да се стаса до Марс – мора да се чека кога планетата Земја и Марс ќе се усогласат повеќе или помалку, или ќе се најблиску едни со друга. Приближно на секои 26 месеци на земјата, се отвора ваков “прозорец” за лансирање вселенски летала на Марс. Сите други лансирања, во друг период би биле само трошење на време.

Во приложените табели подолу се гледаат сите мисии на Марс и кои беа успешни, а кои не.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1