Медицински скандал во Австрија: Насилно стерилизирани жени со хендикеп


Австрија ја тресе медицински скандал по потврдувањето дека физички и ментално нарушеното здравје на девојки и жени, биле насилно стерилизирани во австриските домови уште од 2001 год.

Хируршките зафати се прикриени како операција на слепо црево, тврди виенскиот психијатар Ернст Бергер, со што го поврдува дека жените со овој зафат не биле ни свесни дека нема да можат да имаат деца повеќе.

За стерилизација според Бергер, доволно било само родителите да ја дадат својата согласност, а врз нив вршеле притисок лекарите и домот. Така стерилизацијата станала и услов за прием во дом за лицата со хендикеп.
-Тоа беше јавна тајна, но никого не му беше гајле – рекол Бергер.

Експертот за право на хендикепираните лица, Фолкер Шенвизе изнел податок дека некогашниот виенски психијатар Андреас Рет, бил претходно член на национал-социјалистичката партија, ја поддржувал присилната стерилизација на лица чиј коефициент за интелигенција им е под 85.
-Рет беше мој претходник и знаев за неговиот став – рекол Бергер.
Медиумите објавуваат дека ставот на Рет за општа стерилизација на лицата со коефициент на интелигенција под 85, е општо-познат, бидејќи е објавен негов цитат на еден конгрес одржан во 1975 година.
-Врз основа на тоа, не може да се исклучи можноста дека девојчињата се стерилизирани дури иако од сегашен агол на гледање, не се хендикепирани – констатирале Бергер и Шенвиз.

Во Австрија од 2000 година, се дозволува стерилизација на хендикепирани жени само ако постои лекарски атест и одлука на судот.
Експерт од виенската невладина организација Нинлин, советувалиште за жени со хендикеп, тврдат дека жените со интелектуален хендикеп и денес добиваат средства за контрацепција, без да бидат доволно информирани за тоа.

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1