Мистериозни кругови пронајдени на дното на океанот (Фото)


Јапонски фотограф во близина на брегот на својата земја, во океанското дно открил таинствени геометриски облици.

кога се вратил во лабараторијата со својата ТВ екипа заклучил која била причината поради која што биле направени ваквите чудесни, досега невидени за човековото око кругови.

Рибата која што можете да ја забележите се смета за една од најотровните рбетниците на светот, а причината за нејзиното вакво однесување, односно кржење, и оставање трага позади себе, за експертите претставува привлекување на женките, кои што имаат истенчен вкус што се однесува до овие ремек дела.

Колку круговите кои што ги прави рибата претставуваат покомплексни, толку е веројатно дека може да дојде до парење, сметаат експертите.

Доколку дојде до парење, јајцата се положуваат во самиот центар на кругот.

Ваквиот круг се наоѓа на длабочина од 25 метри и има пречник од околу два метри.

Сега ни останува само да се запрашаме дека ако до 2012 година 95 % од работите кои што се случуваат на морското дно се неоткриени, замислете што уште не очекува, а сеуште е неоткриено.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1