Една унгарска приватна фирма која се наоѓа во близина на Будимпешта нуди “летување“ во воен логор, каде главните активности би биле воведување дисциплина, ракување со оружје и воени вежби со вистински војници.
Младите Унгарци на возраст помеѓу 12 и 21 година можат да го поминат одморот на еден неконвенционален и необичен начин .
Една унгарска приватна фирма која се наоѓа во близина на Будимпешта нуди “летување“ во воен логор, каде главните активности би биле воведување дисциплина, ракување со оружје и воени вежби со вистински војници.
„ За 120 евра неделно, нудиме вистинска воена обука. Има вежби за издржливост, трчање наутро и гимнастика. Младите ќе треба да ги слушаат инструкторите кои доаѓаат од разни армиски сили“, објасни раководителот на кампот Жолт Хорват
Во активностите вклучено е и пукање со Калашников AK-47. Се пука исклучиво со лажни куршуми, но според раководителот на кампот, и така се стекнува искуство за ракување со оружје.
Во кампот владее железна дисциплина и за се’ е потребна дозвола. Воениот логор постои шест години, и очигледно, редот и дисциплината во него им се допаѓаат на децата.