Монструмот татко лажел девојка на Фејсбук за да го земe пиштолот од татко и за да ја убие ќерката


„Клопчето“ за убиството на Александра Стојев полека се одмотува!

Раде Стојев кој ги усмрти својата нова сопруга и ќерка, а потоа си пресуди самиот преку лажен профил стигнал до оружјето. Пиштолот го зел од таткото на една девојка од Ниш со која под лажно име бил во врска и за која планирале да стане официјална, да стапат во брак.

Пред да испука куршум во себе, истрагата покажала дека Раде Стојев убиството на својата ќерка и сопруга го извршил во блиската шумичка на стотина метри од паркираното возило.

Пронајдени биле чаури од истиот калибар, како и пиштолот кој бил пронајден покрај мртвиот Стојев на совозачкото место во автомобилот кој со еден истрел во устата су го одзел и својот живот.

Во шумичката е откриено и едно испукано зрно од куршум, паковка од муниција, а на тревата биле забележани и траги од крв.

– По деталниот преглед земени се сите траги, а истражниот судија со налог побара откривање на днк на крвта и балистичко вештачење, изјавува Тамара Савиќ Цветановиќ, портпарол на Високиот суд во Ниш.

Како што неофицијално се дознава Стојев во шумата испукал три куршуми во сопругата, а четири во ќерката. Потоа, како што се претпоставува, нивните тела ги ставил на задното седиште во автомобилот и тргнал кон асвалтираниот пат за Каменички Вис. Меѓутоа покрај патот го запрел возилото, а потоа си пресудил самиот. Стојев според неофицијалните информации пиштолот со кој пукал го обезбедил со измама. Односно, со лажен идентитет на Фејсбук запознал една девојка од Ниш со која се забавувал, па дури и одлучиле да се венчаат. Додека родителите на девојката на големо се подготвувале за свадба, Стојев од својот иден дедо го зел пиштолот.

Го измамил несудениот дедо дека бил агент на БИА и дека со „врски“ може да издејствува да избегне плаќање данок за оружјето. Во меѓувреме Раде Стојев се венчал со Александра Недељковиќ со која бил во врска четири години.

 

Tags: , , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1