Морбидната Фејсбук страна за исчезнатата Тијана ја направил малолетник


Потрагата за Тијана трае 6 дена. Јавноста беше згрозена од Фејсбук страницата на која наводно се јавија нејзините киднапери кои бараат откуп.

-Сакаме во замена за Тијана Јуриќ еден милион динари, таа моментално се наоѓа на безбедно место, ако во рок од 7 дена не ги добиеме парите, полека ќе почнеме да ја мачиме. Парите треба да бидат уплатени преку на следнава жиро сметка: 160-335001-90. Очекувајте нови слики од лице место, Вашите киднапери- пишуваа на оваа страница.

tijana fejs

Оваа страница подоцна беше избришана.

Како што пишуваат српските медиуми, полицијата влегла во траг на креаторот на групата и според првичните информации се работи за малолетник кој преку компјутерот на своите родители како солена шега ја направил групата.

Полицијата откако ќе напрви увид ќе поднесе пријави поради вознемирување на јавноста, но и поради нанесување штета на сопственикот на киоскот чии број на жиро смета го напишал малолетникот. според информациите тој само испишал неколку броеви кој личат на жиро смета а по проверката беше објавено и името на сопственикот на истата – со што му е нанесена штета и неправедно е поврзан со случајот, велат извори од полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1